Достапни линкови

Обама: нападите во САД мора да престанат


Американскиот претседател Барак Обама го осуди и го нарече „кукавички чин“ вчерашното убиство на тројца полицајци во Батон Руж во сојузната држава Луизијана. Обама изјави дека нападите врз јавни службеници во САД мора да престанат. „Втор пат за две недели полицајци кои секој ден ги ризикуваат своите животи, ја работеа нивната работа кога беа убиени во кукавички напад“, наведува Обама во соопштението објавено од Белата куќа. Тројца полицајци беа убиени во Батон Руж, а уште тројца други ранети и се во критична состојба. Новинската агенција Асошитед прес јави дека еден од напаѓачите бил убиен, додека двајца се уште биле во бегство.

XS
SM
MD
LG