Достапни линкови

Времето денеска: сончево и ветровито


Во Македонија ќе биде сончево, посвежо и ветровито со мала до умерена облачнот. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Кон крајот на денов во источните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Утринските температури ќе се движат од 10 до 17, а дневната највисока температура ќе биде меѓу 22 до 28 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево, посвежо и ветровито со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од 15 до 26 степени.

XS
SM
MD
LG