Достапни линкови

Убиени тројца американски полицајци во Батон Руж


Тројца полицајци се убиени, а најмалку тројца други се ранети во Батон Руж во американската сојузна држава Луизијана, јавуваат тамошните медиуми. Тие добиле повик поради пукотници, но кога пристигнале на местото кон нив било пукано од заседа од најмалку еден напаѓач, изјави градоначалникот на Батон Руж, Кип Холден за Ен-Би-Си њуз. Осомничениот напаѓач бил застрелан, но полициски претставници велат дека се чини оти има повеќемина осомничени. Портпаролот на полицијата Дон Копола во изјава за медиумите потврди дека неколкумина полицајци се застрелани и пренесени во болница.

Гувернерот на Луизијана Џон Бел Едвардс соопшти дека „ова е необјаснив и неоправдан напад врз сите нас во време кога ни треба единство и заздравување“.

САД сè уште се потресени од неодамнешното убиство на двајца црнци од страна на полицијата, по што во знак на одмазда црн напаѓач уби петмина полицајци во Далас, во американската сојузна држава Тексас.

Полицијата минатата недела уапси повеќе од 100 учесници во протестите против полициската бруталност во Батон Руж.

XS
SM
MD
LG