Достапни линкови

logo-print

Кери:Неуспешниот државен удар не ја прекина борбата против ИД


Американскиот државен секретар Џон Кери вели дека безуспешниот обид за државен удар во Турција не ја прекине борбата против екстремистичката група Исламска држава. Турција, која е голем американски сојузник во регионот, им овозможи на САД да ја користат воздушна база во Инџирлик за напади против милитантната група. Овие воздушни напади беа блокирани, привремено, од турската влада, по државниот удар. Пентагон соопшти дека денеска турските власти повторно ја отвориле воената база во Инџирлик и операциите предводени од САД против ИД продолжиле.

XS
SM
MD
LG