Достапни линкови

Ердоган: Ќе го исчистиме „вирусот“ од сите државни институции


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека обидот за пуч на „терористичката група“ на имамот Фетулах Ѓулен неуспеа поради волјата на народот.

Тој, на погребот на неколкумина убиени за време на обидот за воен удар, посочи дека ќе продолжи чистењето на тој „вирус“ од државните институции.

Ердоган најави и дека ќе продолжат апсењата на тие кои ги „уништиле“ вооружените сили.

Тој повторно ги повика граѓаните и неговите приврзаници да останат на плоштадите.

Во апсењата се вклучени високи воени офицери и 2.700 судии. Повеќе од 50 високи војници беа уапсени денеска а министерот за правда, Бекир Боздаг ги опиша апсењата како "расчистувачка операција", велејќи дека бројката од околу 6 000 вкупно уапсени лица се очекува да се зголеми. Властите објавија дека најмалку 265 лица загинаа во судирите . Премиерот Бинали Јилдирим рече денеска дека животот се враќа назад во нормала по немирите во Истанбул и во главниот град Анкара. Тој рече дека централната банка, пазарите на капитал,банкарскиот систем и берзата работат со нивниот нормален распоред.

XS
SM
MD
LG