Достапни линкови

Турските офицери обвинети за илегално влегување во Грција


Турските офицери и подофицери кои по неуспешниот државен удар во Турција побегнаа во Грција обвинети се денеска за кривично дело илегално преминување на границата и повреда на воздушниот простор на Грција, изјави денеска нивната грчка адвокатка. Осум турски офицери и подофицери вчера пристигнаа во грчкиот пограничен град Александрополус и побараа азил во Грција, а потоа се уапсени и притворени.Нивната адвокатка Илија Маринаки рече дека тие во понеделник ќе бидат изведени пред суд. Таа додаде дека офицерите и подофицерите не учествувале во државниот удар во Турција и оти побегнале бидејќи врз нив пукале турските полицајци. Шефот на турскаат дипломатија Мевлут Чавушоглу изјави дека Анкара ќе бара нивно испорачување.

XS
SM
MD
LG