Достапни линкови

logo-print

Загинат полицаец и ранети во упадот во Ерменија


Вооружени мажи од една опозициска група упаднаа во локалната полициска станица и разменија оган со полицијата во главниот град на Ерменија, Ереван, во раните утрински часови. Националната служба за безбедност објави дека дека еден полицаец загинал, а двајца други се повредени во престрелка во полициската станица. Претходно служба за безбедност објави дека напаѓачите држат неколку заложници во седиштето на полицијата, додавајќи дека во тек се преговори за нивно мирно ослободување. Претставници за безбедност велат дека двајца од заложниците се ослободени. Опозициската група Основачки парламент објави во соопштението, дека бараат ослободување на лидерот на групата Јирар Сефилан , кој беше уапсен минатиот месец. Групата, исто така, објави дека тие почнуваат бунт и обид за соборување на власта како и ослободување на политичките затвореници". Полицијата ја опколи областа со оклопни возила.

XS
SM
MD
LG