Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат масовните приведувања во Турција


Околу 6 000 луѓе се наоѓаат во притвор поради иситувања по неуспешниот обид за државен удар во Турција, изјави денеска турскиот министер за правда Бекир Боздаг и додаде дека "големото чистење" продолжува. Сега имаме околу 6000 затворени, а тој број ќе биде уште поголем, изјави Боздаг за агенцијата Анадолија. Турската влада соопшти дека за време на неуспешниот преврат загинаа 265 луѓе, од кои 161 цивил и 104 кои учествувале во државниот удар.Турските власти приведоа 2 839 припадници на војската обвинети за организирање на државниот удар.

XS
SM
MD
LG