Достапни линкови

Упад во полициска станица во Ерменија


Група вооружени мажи од една опозициска група упаднаа во полициска станица во главниот град на Ерменија, Ереван, во раните утрински часови, соопштија од Националната служба за безбедност. Во соопштението се вели дека напаѓачите држат неколку "заложници" во полициската станица, и се додава дека во тек се преговори за нивно мирно ослободување. Опозициската група Основачки парламент објави во соопштението, дека бараат ослободување на лидерот на групата Зираир Сефилан, кој беше уапсен минатиот месец под обвинение дека се обидуваат да ја соборат владата со сила. Портпарол на групата, исто така, објави дека тие почнуваат бунт за соборување на власта и ослободување на политичките затвореници.. Полицијата ја опколи областа.

XS
SM
MD
LG