Достапни линкови

Нормализиран авиосообраќајот меѓу Скопје и Истанбул


Летовите на авиокомпнаијата „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул кон Скопје и обратно, кои вчера беа откажани поради настаните во Турција, денеска се реализираат според распоредот на летање.

Од аеродромот „Ататурк“ во Истанбул утрово на скопскиот аеродром во редовното време (8.30) слета авионот ТК 1003, објавено е на веб-страницата на ТАВ Аеродром „Александар Велики“. Во 9.48 од Скопје кон Истанбул полета и авионот ТК 1004.

Авиосообраќајот кон Анталија, кој ни вчера не беше во прекин, се одвиваше и во текот на ноќта, кога се реализирани два чартер-лета кон Анталија и два чартера од тоа летувалиште до Скопје.

XS
SM
MD
LG