Достапни линкови

logo-print

Кери-Потребни се докази за екстрадиција на Ѓулен


Американски државен секретар Џон Кери вели дека САД ќе го разгледа барањето за екстрадиција на протераниот свештеник Фетулах Ѓулен, откако претседателот на Турција го обвини муслиманскиот лидер за обид за турскиот воен удар. Но, Кери изјави дека владата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе мора да презентира докази за малверзации на Ѓулен. Ѓулен, порано беше сојузник на Ердоган, а сега е негови политички противник и живее во егзил во Пенсилванија. Ѓулен го осуди државниот удар и енергично негираше каква било инволвираност, велејќи дека е особено навредливо да биде обвинет за каква било поврзаност со таков обид.

XS
SM
MD
LG