Достапни линкови

logo-print

Апсења во Турција и разрешени судии


Турската полиција уапси денеска стотици воени офицери во воените бази во Дијарбекир и во други региони во југоисточна Турција, населена претежно со Курди, по обидот за воен пуч, изјавија претставници на безбедносните сили.

Неколку апсења се извршени и во други воени бази во провинциите Санлиурфа, Хакари и Бингол.

По синоќешниот неуспешен обид за државен удар властите во таа земја соопштија дека се уапсени 2 800 војници.

Високиот совет на судии и обвинители на Турција пак денеска соопшти дека по синоќешниот неуспешен обид за воен удар во земјата, од своите должности се разрешени 2.745 судии.

Како што јави агенцијата Анадолија, покрај судиите, разрешени се и петмина членови на Советот, кој е највисоко судско тело во Турција

XS
SM
MD
LG