Достапни линкови

Иванов: Македонија ја подржува демократски избраната влада на Турција


Република Македонија ја поддржува демократски избраната влада на Република Турција, а во моментов се одржува состанок на групата за проценка за анализа на безбедносната состојба, информираат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.

„По добивањето на податоците за намерите на вршење на воен пуч во Република Турција, Армијата на Република Македонија презема низа мерки и активности за заштита на државната граница. Кризниот менаџмент на Македонија ги следи состојбите во сите држави од регионот кои се соочуваат со безбедносни закани и мигрантската и бегалска криза. Македонскиот претседател е во постојан контакт со сите безбедносни институции во Македонија, и со надлежните министри“, се вели во соопштението на претседателот Иванов.

Од таму велат дека Турција како земја членка на НАТО e голем пријател и стратешки партнер на Македонија, а претседателот Иванов го поддржува нормализирањето на состојбите во Турцијa и повикува на почитување на демократските институции и избегнување на секаков вид на насилство и крвопролевање.

XS
SM
MD
LG