Достапни линкови

logo-print

Јилдирим: Ситуацијата во Турција целосно е под контрoла


Билансот на загинати за време на обидот за воен удар во Турција достигна 265 лица, соопшти денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим.

Турскиот премиер истакна и дека во врска со обидот за воен удар од минатата ноќ, досега се приведени вкупно 2.839 припадници на Армијата на Турција.

Јилдирим упати апел до граѓаните вечер да излезат на плоштадите ширум земјата.

Тој истакна дека одговорна за обидот за воен удар е паралелна структура во турската армија и оти народот го дал најдобиот одговор на „терористите“.Според него припадници на воената авијација, на воената полиција и на оклопните единици учествувале во воениот удар.

Претходно, вршителот на должност началник на Генералштабот на турската армија генерал Јумит Дјундар изјави дека војската е одлучна да ги отстрани членовите на „паралелната структура“ од своите редови.

Анадолија јави дека на поранешниот командант на воената авијација генерал Акин Озтурк и комнандантот на Одделението за поддршка и обика на Вооружените сили генерал Метин Ијидил ќе им се суди за велепредавство.

Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика граѓаните да останат на улица и предупреди од можност од нов обид армијата да ја преземе власта.

- Нов обид од воен удар може да се случи секој момент, треба да ја задржиме контролата над улиците, напиша Ердоган на Твитер.

XS
SM
MD
LG