Достапни линкови

Краткотрајниот воен удар во Турција


.
.

Во Турција беше изведен „класичен турски“ обид за државен удар од страна на една фракција на армијата. Но, обидот на навидум малата фракција во рамките на турската војска не најде поддршка меѓу луѓето, пишува Абас Џавади, РСЕ.

Поддржувачите на власта постепено излегуваа на улиците и на стратегиските точки во големите градови - иако не во огромен број - додека поддршката за бунтовниците на улица беше мала.

Водачите на трите најголеми политички партии застапени во парламентот побрзаа да осудат секаков обид за државен удар, осврнувајќи се на "горчливо искуство" на изминатите четири армиски удари, од кои последниот беше во 1993 година, велејки дека „владата е избрана од народот и може да се менува на избори, а не со државен удар“.

Дури и водечките критичари а поранешни владини партнери, како што е поранешниот претседател Абдула Ѓул и поранешниот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, излегоа со поддршка на „уставно избраната“ влада.

Општо земено, се чини дека полицијата и другите безбедносни служби, како што се силите за брза реакција на Министерството за внатрешни работи, ги предводеа анти - армиските напори.

Во многу случаи, многу млади и навидум несвесни војници за тоа зошто биле распоредени на улиците, не и дадоа отпор на полицијата која ги разоружуваше со повремени пукотници.

Пратениците, исто така, започнаа да се собираат во текот на ноќта во зградата на парламентот во Анкара, кој беше под закана со воздушни напади од страна на заговарниците на воениот удар, како и многу други владини згради и стратегиски точки, како што се турскиот Телеком и државната радио и телевизија.

Радио и телевизиските канали беа исклучени, но членовите на Владата се пробија до оние кои се уште емитуваа, а највпечатливо беше обраќањето на претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој преку Си-Ен-Ен Турк на видео линк преку мобилен телефон го поттикна населението да му даде поддршка.

Потоа следеа апсења и до саботата наутро, околу 1.500 припадници на армијата осомничени за вмешаност во државниот удар, вклучувајќи и пет генерали и 29 полковници, беа уапсени.

Повторното отворање на аеродромот Ататурк во Истанбул и постепеното продолжување на летовите беше знак за крај на бунтот.

Од самиот почеток, Ердоган и други официјални лица обвинуваат мала бунтовничка група во армијата, велејќи дека се приврзаници на протераниот свештеник Фетулах Ѓулен.

Приврзаниците на Ѓулен го поддржаа Ердоган во почетокот на 2000 година и му помогна подоцна повторно да дојде на власт, но, во 2011 година, владата на Ердоган почна да ги остранува луѓето на Ѓулен од високи владини организации, медиумите и бизнис позиции.

Сега се чини дека обид за државен удар на 15 јули беше обид на „Групата Ѓулен“ без видлива поддршка од турската опозиција.

И така утрото во саботата за помалку од 12 часа, откако започна, беше јасно дека воениот удар во Турција нема да успее.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG