Достапни линкови

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Ница



Терористичката група Исламска држава на социјалните мрежи објави дека еден од нејзините "војници" го извршил нападот со камионот во Ница, во Франција, во кој загинаа 84 луѓе а повеќе од 200 се повредени.

Инаку денеска пет лица беа уапсени во Франција во врска со истрагата за нападот со камион во Ница, во кој загинаа 84 лица. Полицијата соопшти дека дека три лица се уапсени рано изутрината , а уште еден е уапсен претходниот ден. Жената на возачот е, исто така ќе биде однесена на сослушување.

Напаѓачот кој беше Французин со туниско потекло е идентификуван како 31-годишниот Мохамед Лахолеј Бухлел. Тој беше застрелан од полицијата.

XS
SM
MD
LG