Достапни линкови

Откажани летовите Истанбул- Скопје


Поради кризната состојба во Турција, која настана по обидот за државен удар на дел од туската војска, откажани се летовите од Истанбул за Скопје, но и во обратен правец

Според веб страницата на ТАВ - аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, на која се прикажани полетувања и слетувања на авионските летови, откажани се утринските летови на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул за Скопје и од Скопје за Истанбул.

Откажан е летот од Скопје за Истанбул ТК 1004 за утрово во 09.25 часот на „Туркиш ерлајнс“, како и слетувањето на авионот од Истанбул за Скопје ТК 1003 од најавен за во 08.30.

Засега, како што стои на веб страницата, ќе се реализираат вечерните летови ТК 1006 за во 22.55 минути за Истанбул, како и слетувањето на авионот ТК 1005 од Истанбул за Скопје за во 20 часот.

Авио линиите за Анталија за денеска и утре, како што стои на веб страницата на ТАВ - аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, ќе се одвиваат во најавениот авионски распоред

XS
SM
MD
LG