Достапни линкови

Во Турција продолжуваат безбедносните операции


Во Турција продолжуваат безбедносните операции по неуспешниот воен обид за државен удар во текот на ноќта, во кој загинаа околу 90 луѓе, а околу 1.100 беа повредени. Владини официјални лица изјавија дека 1.563 војници се приведени. Пет генерали и 29 полковници, се отстранети од нивните позиции поради сомневање за вмешаност во обид за соборување на владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган. "Група во рамки на војската изврши обид, надвор од синџирот на команда, за соборување на демократски избрана влада", објави канцеларијата на Ердоган во денешното соопштение. Премиерот Бинали Јилдирим побара денеска да се одржи вонредна седница на парламентот на која ќе се разговара за кризата. Заговарачите на државниот удар користеа тенкови и авиони во текот на ноќта, вклучувајќи и напади врз зградата на парламентот и канцеларијата на претседателот во Анкара. Седиштето на разузнавачката служба на Турција, исто така, беше нападнато во текот на ноќта. Началникот на војската, генерал Хулуси Акар, беше уапсен од поддржувачите на државниот удар во текот на ноќта, но беше ослободен од мисија за спасување со хеликоптер рано изутрината.

XS
SM
MD
LG