Достапни линкови

Поддршка за Владата во Турција од НАТО и ЕУ


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и водечката тројка на Унијата: Жан-Клод Јункер од Европска комисија, Доналд Туск од Европски совет и Федерика Могерини, Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, излегоа со изјави во кои го осудија синоќешниот обид за насилно превземање на власта во Турската Република, против волјата на мнозинството на граѓаните на Турција.

- Само што разговарав со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу и ги следам настаните во Турција со голема внимателност и со загриженост. Повикувам на смиреност и воздржаност, како и на целосно почитување на демократските институции во Турција и нејзиниот Устав. Турција е ценет НАТО сојузник, истакна Столтенберг.

Јункер, Туск и Могерини во нивната порака за обидот за воен удар во Турција, земја-кандидат за членство во Европската унија рекоа дека Турција е клучен партнер за Европската унија.

ЕУ целосно ја поддржува демократски избраната Влада, институциите на државата и владеењето на правото. Апелираме за брзо враќање на уставниот поредок на Турција. Продолжуваме внимателно да го следиме развојот на настаните и да се координираме со 28. земји-членки на ЕУ, порачаа Јункер, Туск и Могерини.

XS
SM
MD
LG