Достапни линкови

Реакции од САД и Русија за настаните во Турција


Американскиот претседател Барак Обама телефонски разговарал со државниот секретар Џон Кери за настаните во Турција. Тие се согласиле дека сите партии во Турција треба да ја поддржат турската влада избрана на избори, стои во соопштението на Белата куќа. Обама повикува на воздржаност и да се избегне какво било насилство и крвопролевање. Кери беше во посета на Москва на разговори со тамошните власти.

Официјална Москва пак изрази длабока загриженост за ситуацијата во Турција. Дмиитри Песков, портпаролот на рускиот претседател, вели дека претседателот Владимир Путин цело време се информира за развојот на настаните во Турција од руското министерство за надворешни работи и од разузнавачките служби.

Во меѓувреме од Турција доаѓаат вести дека е срушен хеликоптер управуван од заговарачите на државниот удар. Потоа дека 17 полицајци се убиени во седиштето на специјалните сили во Анкара. Снимките од улиците во Истанбул покажуваат тенкови и народ на улица. Меѓународниот аеродром Ататурк е затворен.

XS
SM
MD
LG