Достапни линкови

Ердоган негира дека турската војска преземала контрола


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју за Си-ен-ен рече дека тој се уште е на власт и дека ќе го спречи обидот за воен удар. Тој ги повика граѓаните да излезат на улиците за да ја поддржат неговата влада.

Зборувајќи преку мобилен телефон за Си-ен-ен на турски јазик тој рече дека верува оти заговорите за удар нема да успеат. Во својата прва реакција по вечерашните случувања тој побара од Турците да се соберат на јавните места и аеродромите. Никогаш не сум верувал во моќ поголема од моќта на граѓаните, рече тој. Ердоган нагласи и дека се уште е претседател и врховен командант ветувајќи им на заговорниците дека ќе плателе многу висока цена.

Извори од неговиот кабинет велат дека тој е на безбедна локација согласно владиниот протокол. Турскиот премиер Бинали Јилидрим на Твитер наведе дека безбедносните сили ќе возвратат на ударот и дека се што е потребно ќе биде направено и ако тоа би значело и жртви. Тој наведе и дека има опсади на некои важни згради без да прецизира кои, но побара од луѓето да останеле мирни,додавајќи дека актите против демократијата немало да бидат толерирани.

Силна експлозија се слушна во Истанбул во близина на државната телевизија. Обраќањето на Ердоган следува откако турската војска соопшти дека „целосно ја презела контролата“ во земјата во обид да го заштити демократскиот поредок и да се одржат човековите права.

XS
SM
MD
LG