Достапни линкови

Обид за воен удар во Турција


Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека дел од турската армија презема активности без да го почитува синџирот на команда и оти е вклучена во обид за воен удар, објави телевизијата НТВ.

Новинската агенција Ројтерс објави дека турскиот премиер рекол дека е погрешно настаните да се нарекуваат „воен удар“, но оти е точно дека „имаше обид“ од дел од армијата.

Тој не соопшти детали, но рече дека Турција никогаш нема да дозволи какви било „иницијативи кои ќе ја прекинат демократијата“.

Ројтерс претходно објави дека се слушнале истрели од огнено оружје во Анкара и оти воени авиони и хеликоптери во низок лет го надлетувале главниот град на Турција. Жители на Анкара на Твитер објавија дека слушнале експлозии, пред социјалните мрежи да станат недостапни. ВО меѓувреме во Истанбул, турските безбедносни сили со воени возила ги блокираат двата моста преку Босфор, кои ги поврзуваат европскиот и азискиот дел на земјата. Телевизијата НТВ исто така објави снимки на кои се гледаат тенкови пред аеродромот Ататурк во Истанбул.

XS
SM
MD
LG