Достапни линкови

logo-print

Пороен дожд во Прилеп, но Пивофест продолжува


Архивска фотографија - Пиво фест во Прилеп

Архивска фотографија - Пиво фест во Прилеп

Попладнево, околу 15.30 часот Прилеп го зафати невреме со пороен дожд, грмотевици и малку град. Сообраќајниците од поројниот дожд во центарот на градот беа полавени. Според Јавните комунални претпријатија нема пријавено штети во градот, но сообраќајниците беа полни со вода, па и центарот каде се штандовите на Пивофест.
Комуналното претрпијатие го чисти центарот на градот за да може фестивалот „Пивофест“ нормално да функционира. Инаку, на штандовите на „Пивофест“ на булеварот во центарот на Прилеп и околу главната сцена никој нема пријавено штети од поројниот дожд.

XS
SM
MD
LG