Достапни линкови

logo-print

МВР ќе вработува уште 600 полицајци


Министерството за внатрешни работи објави конкурс за прием на 600 кандидати за полициски службеници, кои од октомври ќе ја почнат 12 месечната обука.

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков на денешната прес-конференција изрази оптимизам дека согласно потребите на МВР ефективно ќе се изврши селекција на квалитетни кандидати за полициски службеници.

Прашан зошто се објавува конкурс за прием на нови 600 полициски службеници во време кога се во тек партиските преговори во Пржино, а една од точките е и ингеренциите на министерот за внатрешни работи, Чавков вели дека не треба да се мешаат овие процеси со функционирањето на МВР.

XS
SM
MD
LG