Достапни линкови

logo-print

Британската премиерка во посета на Шкотска


Новата британска премиерка Тереса Меј рече дека нема да започнат формални преговори за излегување од ЕУ се додека Велика Британија не добие целосен пристап во тоа прашање. Таа денеска ја посети Шкотска, каде мнозинството граѓани гласаа за да останат дел од Унијата. Меј се сретна со шкотскиот прв министер Никола Старџен. Шкотската премиерка неодамна изјави дека ќе најде начин Шкотска да остане дел од ЕУ. Таарече дека ќе одржат втор референдум за независност од Обединетото кралство. Во 2014 Шкотите ја отфрија независноста.

XS
SM
MD
LG