Достапни линкови

Подигнати мерки за безбедност по нападот во Ница


Босна и Херцеговина и Турција на највисоко ниво ги кренаа мерките за безбедност по крвавиот напад во Ница. Директорот на дирекцијата за координација на полициските служби во Босна и Херцеговина, Мирсад Вилиќ, информира дека засилените мерки за безбедност биле воведени веднаш по добивањето на информацијата за синоќешниот напад во Ница.

И турската полиција ги засилила мерките за безбедност низ градовите по синоќешниот атентат во Ница, пренесуваат турските медиуми.

Истанбулските полицајци детално ги проверуваат граѓаните кои влегуваат во метрото. Засилени се мерките за безбедност и на аеродромот „Ататурк“, каде припадниците на редот ги претресуваат чантите и куферите на патниците. Околу аеродромот се разместени и полицајци на специјалните единици.

Анкара, исто така, е под тревога. Булеварите и улиците што водат до амбасадите на многу земји, вклучувајќи ги Франција, Германија и САД, се бликирани со полициски прегради. Полицајците изведуваат и почести проверки на различни точки во градот.

XS
SM
MD
LG