Достапни линкови

СДСМ - еврообврзницата е одложена, не е откажана


Опасноста за финансиско злосторство врз граѓаните останува, оти процесот на издавање на еврообврзницата од 650 милиони евра е одложен, но не е прекинат, рече на прес конференција Кире Наумов, претседател на Комисија за финансии на СДСМ. Тој вели дека сега Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спасот го гледаат во својот коалиционен партнер ДУИ, затоа што е најавеноиздавање на мислење за правната важност на целата постапка од страна на Министерството за Правда. Наумов вели дека СДСМ нема да дозволи да се прави дополнителна штета со нови и нови долгови врз грбот на иднинте генерации. Нема да дозволиме економски колапс на земјава и злоупотреба на парите за изборна коруpција, рече тој.

„Пари во Буџетот за плати и пензии има. Задолжувањето е за непродуктивни трошења, корупција и криминал“, вели Наумов.

XS
SM
MD
LG