Достапни линкови

logo-print

Подгорица негира дека води антируска политика


Премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

Премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

Црногорската Влада денеска ги отфрли како неосновани тврдењата на руските власти дека Црна Гора води антируска политика. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека црногорските власти сносат целосна одговорност за своите антируски сатавови, а премиерот Мило Ѓукановиќ „намерно се обидува да ги уништи односите со Русија“.

Во својата реакција црногорската Влада оценува дека изјавите на Захарова се „недипломатски“ и дека нејзините обвинувања се „неосновани“.

XS
SM
MD
LG