Достапни линкови

Словачка ќе се залага за проширување на ЕУ


Словачката ќе настојува максимално да ги реализира приоритетите на нивното претседателство и дека во однос на земјите од Западен Балкан, ќе се залага за продолжување на политиката на проширување и обезбедување на одржлива миграциона и азилна политика. Ова го истакнал амбасадорот на Словачката во Македонија, Мартин Безак на средбата со претседателот Ѓорге Иванов денеска во вила „Билјана“ во Охрид, соопштија од претседателскиот Кабинет.

Словачката е актуелен претседавач со Советот на Европската унија.

Македонскиот претседател изразил очекување дека Словачка ќе вложи напори и засилена поддршка со цел да се постигне исчекор во македонските евроинтеграции.

Двајцата соговорници размениле мислења и информации во однос на клучните предизвици со кои се соочува ЕУ, како што се безбедносните закани, бегалската криза и падот на довербата во Европската унија.

XS
SM
MD
LG