Достапни линкови

Запрена изградбата на стадионот за Светското во фудбал 2018


Властите во рускиот град Санкт Петерсбург го откажаа договорот за изградба на стадионот на кој треба да се одиграат натрпреварите за време на Светското фудбалско првенство 2018. Градските власти во соопштение наведуваат дека околу 39 милиони долари одвоени за изградба на стадионот се водат за исчезнати и затоа побарале обвинителството да ја истражи фирмата која го спроведувала проектот. Стадионот го нарекуваат Зенит арена, по најголемиот фудбалски клуб во градот. Стадионот го градат речиси 10 години и досега неговата изградба чини околу 620 милиони долари. Досега проектот е изграден околу 85 проценти.

XS
SM
MD
LG