Достапни линкови

Русија ослободи еден од демонстрантите против Путин


Сергеј Кирков, еден од осудениците за кршење на јавен ред и мир за време на демонстрациите против изборната измама во 2012 година во Русија, денеска е ослободен од затвор по отслужувањето на неговата казна. Тој е еден од дваесеттината кои добија затворска казна. Неколку илјади Руси протестираа на плоштадот Болотнаја во Москва на 6 мај 2012 година против реизборот на претседателот Владимир Путин, а имаше и судири со полицијата. За времe на неговиот престој во затвор тој се жалеше дека го тепаат, се жалеше и на лошите услови за престој и двапати штрајкуваше со глад.

XS
SM
MD
LG