Достапни линкови

Асад: немам притисок од Москва за да се повлечам


Башар ал Асад

Башар ал Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека никогаш не се соочил со притисок од Русија за да се повлече од функцијата. Во интервју за американската телевизија НБЦ од Дамаск, Асад рече дека рускиот претседател Владимир Путин и шефот на дипломатијата Сергеј Лавров никогаш не го покренале прашањето за негово заминување како дел од политичката транзиција во земјата. „Само сирискиот народ решава кој ќе биде претседател, кога ќе дојде и кога ќе си замине“, изјави Асад. Неговата судбина е клучно прашање во преговорите за завршување на граѓанската војна во Сирија.

XS
SM
MD
LG