Достапни линкови

Кери се сретна со Путин во Москва


Американскиот државен секретар Џон Кери во обид да изнајде нов договор со Русија за воените акции во Сирија се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на разговори кои имаат за цел да стават крај на петгодишната граѓанска војна и да означат почеток на политичката транзиција во таа земја. Кери синоќа пристигна во Москва и веднаш се сретна со претседателот Путин. За денеска е предвидено тој да разговара со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. За време на тричасовната средба со Путин, како што информира Стејт департментот, Кери ја изразил загриженоста од нарушувањето на прекинот на огнот од страна на сирискиот режим.

XS
SM
MD
LG