Достапни линкови

logo-print

Туск: цел во Ница, луѓе кои славеа слобода, еднаквост и братство


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск го осуди нападот во Ница во кој загинаа најмалку 80 луѓе. „Трагичен е парадоксот што цел на нападот во Ница беа луѓе кои ги славеа слободата, еднаквоста и братството“, напиша Туск на Твитер. Во нападот во Ница најмалку 80 луѓе загинаа, а десетици други се ранети кога камион влета во толпа луѓе кои го прославуваа Денот на Бастиља.

XS
SM
MD
LG