Достапни линкови

Камион влета на прослава на празник во Ница - 30 мртви


Најмалку 30 луѓе загинале, а 100 се повредени во францускиот град Ница доцна на 14 јули, кога камион удрил во масата луѓе кои го следеле огнометот на националниот празник Денот на Бастилја, изјави локален официјален претставник, јавува Ројтерс. Возачот возел со брзина поголема од 100 километри на час пред да удри во луѓето. Тој потоа бил застрелан.

Градоначалникот на Ница на Твитер ги повика жителите на медитеранскиот град во близина на италијанската граница да останат дома.

Пред речиси точно осум месеци во напади, за кои одговорност презеде организацијата Исламска држава, во Париз загинаа 130 луѓе.

XS
SM
MD
LG