Достапни линкови

Одложена еврообврзницата


Македонија ја одложила понудата на еврообврзницата откако член на Социјалдемократскиот сојуз ја оспорил легалноста на нејзиното издавање, јави Ројтерс. Издавањето на седумгодишната еврообврзница е одложено откако до заедничкиот менаџмент составен од претставници на Сити, Дојче банк, Ерсте банк и Сосиете женерал, кои требаше да тргуваат со неа, денеска било испратено писмо од член на СДСМ во кое се наведува дека земјата можеби нема легална основа за нејзино издавање, се наведува во изјавата на еден од главните гаранти на еврообврзницата испратена по електронска пошта до Агенцијата.

Неименуваниот член од СДСМ во писмото истакнал дека издавањето на еврообврзницата, доколку се оствари, ќе биде сериозно прекршување на закони и регулативи во Македонија. Според Владата, овој допис е политички мотивиран и нема законска основа за оспорување на надлежноста и издавањето на обврзницата, се вели во веста на Ројтерс.

Во изјавата се наведува дека Министерството за правда во име на Република Македонија и застапник на заедничкиот менаџмент на овие банки ќе објават соодветни законски опции во однос на надлежноста и валидноста на нејзиното издавање.

XS
SM
MD
LG