Достапни линкови

logo-print

Кери пристигна во посета на Москва


Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во посета на Москва. Се очекува тој да им понуди на руските власти поголема воена соработка против милитантите на Исламската држава, а во замена за започнување политичка транзиција која ќе доведе до нова влада во Сирија. Кери треба да се сретне со рускиот претседател Владимри Путин и со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров за време на дводневната посета на Москва. Освен за борбата против ИД и сириската војна, и кризата во Украина ќе биде на агендата.

XS
SM
MD
LG