Достапни линкови

Романија уапси група која држела луѓе како робови


Властите во Романија уапсија 38 луѓе во истрагата на случај за присилно заробоеништво. Осомничените се приведени во едно планинско село, откако во текот на ноќта била направена рација во нивните домови.

Властите тврдат дека осомничените експлоатираат околу 65 луѓе со физички и ментални пречки во развојот или луѓе кои биле сиромашни. Тие ги врзувале и ги принудувале да работат или пак да се борат едни со други при што осомничените се забавувале.

XS
SM
MD
LG