Достапни линкови

За власта еврообврзницата се издава според закон


Министерот за финансии Кирил Миновски

Министерот за финансии Кирил Миновски

На тврдењето на СДСМ дека издавањето на еврообврзницата е противзаконско реагира Министерството за финансии кое смета дека целта на опозициската партија е да ја дезинформира јавноста и со наведување членови од закони без да се наведе нивната содржина да го прикаже издавањето на еврообврзницата како незаконско. Во пишаната реакција Министерството посочува дека во одлуката на Владата е јасно прецизирано дека еврообврзницата е наменета за финансирање на две фискални години. Од Министерствто повторно посочуваат дека Еврообврзницата се издава согласно Законот за јавен долг.

XS
SM
MD
LG