Достапни линкови

logo-print

Штрајкот на судската администрација ставен во мирување


Штрајкот на судската администрација е ставен во мирување, соопштија денеска Синдикатот на УПОЗ и на Здружението на судска администрација.

Судската и извршната власт, истакнуваат во соопштението, со својот игнорантски однос и незаинтересираност кон штрајкот и барањето на штрајкувачите во изминатите 58 дена, како и незаконското казнување на штрајкувачите со задршка од нивните плати од 40 проценти, создадоа невиден хаос во судовите и сакаат да предизвикаат поделеност и не единство меѓу вработените со цел да го скршат штрајкот.

Штрајкот ќе биде во мирување за време на одморите, кога и онака, како што наведуваат, се извршуваат само нужни работи, односно уште помалку работи од колку за време на штрајк. Но тоа не значи дека штрајкот се прекинува, се вели во соопштението од Синдикатот на УПОЗ и ЗСА.

XS
SM
MD
LG