Достапни линкови

logo-print

Обвинети во „Дива населба“ се жалеле на здравствени проблеми


Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжи главната расправа по предметот поврзан со настаните од кумановската „Дива населба“. Шест обвинетите се пожалиле на здравствени проблеми по што расправата била прекината и била повикана итна медицинска помош. По преглед на доктор од итна медицинска помош, како што велат од Судот, до Судечкиот совет доставен е извештај според кој тројца од обвинетите кои се пожалиле на здравствени проблеми пред докторот кажале дека немаат потреба од никаква терапија и помош, додека тројца се пожалиле на болки во рбетот по што им била дадена терапија и е констатирано дека сите шест обвинети немаат никакви видливи надворешни или други повреди и во моментот се способни да го следат судењето.

По добивање на извештајот, судечкиот совет констатирал дека не постојат причини расправата да биде одложена, па затоа со одлука на Советот главната расправа продолжила со распит на заштитени сведоци, како што било планирано, поради што истата е затворена за јавноста.

XS
SM
MD
LG