Достапни линкови

logo-print

Кери му честитал на Џонсон за функцијата


Американскиот државен секретар Џон Кери му честитал на новиот британскиот секретар за надворешни работи, Борис Џонсон за функцијата.Новиот британски премиер Тереза Меј изненади многумина со назначувањето на Џонсон за шеф на дипломатијата. Тој беше еден од лидерите на кампањата за Брегзит и поранешен градоначалник на Лондон. Од Стејт департментот соопштија дека Кери и Џонсон „се согласиле дека посебниот однос меѓу САД и Велика Британија е од суштинско значење“ и ветиле дека се соработуваат. Тие, исто така, се согласиле да се состанат следната недела во Брисел.

XS
SM
MD
LG