Достапни линкови

СДСМ реагира за измените за универзитетот Дамјан Груев


Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески обвини дека владејачкото мнозинство денеска повторно и без присуство на опозицијата изгласа нови измени на законот со кој се формира новиот универзитет „Дамјан Груев“. Законот беше донесен пред две недели, а со измените власта само потврди дека закон донесен без претходни консултации, без финансиска конструкција и на шверцерски начин, нема долг рок на траење, рече Сугаревски.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на денешната прес-конференција на координаторот на пратеничката група на СДСМ се посочува дека тие дале поддршка за дополнување на Законот за основање на Универзитетот „Дамјан Груев“, со што се подигнување на стандардите за наставно-научниот кадар и останатите вработени кои треба да придонесат за поголем квалитет и интернационализација на универзитетот.

XS
SM
MD
LG