Достапни линкови

Синдикат на работници во трговијата: внимателно со продажбата на Макпетрол


Синдикатот на работници во трговијата испрати барање до Комисијата за хартии од вредност во случајот со продажбата на Макпетрол да се провери компaнијата и кое лице навистина стои зад преземањето. Во писменото барање, од Синдикатот, наведуваат дека на тоа се одлучиле поучени од досегашното искуство на пропаѓање и затворање на македонски компании, а Макпетрол АД Скопје е голема компанија која вработува повеќе од 200 луѓе. Во барањето понатаму се наведува дека компанија која има 100 евра капитал не може да обезбеди средства за преземање на Макпетрол. Од Синдикатот се надеваат дека Комисијата за хартии од вредност кога ќе одлучува ќе ги земе предвид правата на работниците.

XS
SM
MD
LG