Достапни линкови

ЕУ посветена на проширувањето


Известителот на Европскиот парламент Дејвид Мекалистер денеска изјави дека Европска унија и покрај внатрешните и надворешни предизвици, останува посветена на проширувањето посебно на сите шест држави од Западен Балкан.

„Британскиот референдум е прашање со кое ЕУ првпат се соочува, но и покрај внатрешните предизвици ние испраќаме јасна порака дека ЕУ останува посветена на нашата политика за проширување, особено кога станува збор за сите шест држави од Западен Балкан, изјави Мекалистер на заедничка прес-конференција во Белград со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Мекалистер ја поздрави одлуката за отворање две важни поглавја за Србија во процесот на придржување кон ЕУ.

XS
SM
MD
LG