Достапни линкови

Се намалуваат квотите за студии на турски јазик


Партијата за движење на Турците во Македонија реагира на одлуката да се намали бројот на студенти кои студиите ги следат на турски наставен јазик.

Пратеникот од оваа партија Енес Ибрахим денеска на прес-конференција во Собрането на РМ рече дека е алармантно што годинава, како што рече, се забележува сериозно намалување на квотите за студентите кои ќе се запишат на катедрите со настава на турски јазик на Филолошкиот и на Педагошкиот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Тој вели дека уставното право на образование на мајчин јазик останува само на хартија и во повеќе места поради непостоење турски училишта нема настава на турски јазик или, пак, се одвива од страна на кадри кои не го знаат турскиот јазик.

XS
SM
MD
LG