Достапни линкови

Меркел во „историска“ посета на Киргистан


Германската канцеларка Ангела Меркел се сретна со претседателот на Киргистан Алмазбек Атамбаев. Меркел е во дводневна посета на Киригистан. Атамбаев изјави дека посетата на Меркел на неговата земја е историска, оти првпат германски канцелар е во посета на Киргистан. Меркел изјави дека Киргистан ја развива својата демократија, а тоа ќе доведе до зајакнување на односите меѓу Берлин и Бишкек. Планирано е Меркел да ја посети и Монголија.

XS
SM
MD
LG