Достапни линкови

Во Турција обвиненија против 36 членови на ИД


Турското обвинителство подигна обвиненија против 36 осомничени членови на групата Исламска држава и за учество во подготвување и реализирање на двојниот самоубиствен напад во Анкара во октомври минатата година, при што загинаа 103 луѓе. Ниту една група не презеде одговорност за нападите од 10 октомври, но турските власти ја обвинија ИД. Обвинителството побара доживотни затворски казни за дел од осомничените кои се товарат за извршување на дела против државата, убиство на околу сто луѓе, обид за убиство на 391 лица, како и за поседување на оружје и експлозив. Меѓу осомничените е и Илхами Бала, за кој се претпоставува дека е лидер на ИД во Турција.

XS
SM
MD
LG