Достапни линкови

НАТО и Русија за безбедноста на Балтикот


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека НАТО ја цени понудата на Русија за зајакнување на воздушната безбедност на Балтикот. Тој исто така подвлече дека Алијансата не ја признава нелегалната руска анексија на Крим и оти е за заедничка соработка во решавањето на судирот на истокот на Украина со дипломатски и мирољубиви средства. Столтенберг ова го рече по средбата на амбасадорите на НАТО со руските пратеници во Алијансата. Тоа беше прв состанок на Советот НАТО Русија откако Алијансата на самитот во Варшава во минатата недела реши да го зголеми военото присуство во источна Европа како одговор на руската агресија во Украина.

XS
SM
MD
LG