Достапни линкови

Тереза Меј назначена за премиер на Велика Британија


Новиот лидер на Конзервативната партија, Тереза Меј и официјално беше назначена за нов премиер на Велика Британија, откако кралицата Елизабета Втора ја прифати оставката на британскиот премиер Дејвид Камерон. Камерон пред да ја напушти премиерската резиденција рече дека му било чест што бил премиер во изминатите шест години. Тој си поднесе оставка по референдумот за излез од ЕУ. Меј на 11 јули беше прогласена за нов претседател на Конзервативната партија.Таа треба да го спроведе излегувањето на земјата од Унијата.

XS
SM
MD
LG